Пуштена во употреба на првоизградената мала хидроелектрана во општина Виница

Bez autora
May 03 2012

Министерот за економија Ваљон Сараќини во четврток присуствуваше на пуштањето во употреба на првоизградената мала хидроелектрана во Република Македонија по пат на концесија - Брбушница, во општина Виница. Договорот за консеција за изградба на оваа мала хидроцентрала со концесионерот Мали хидроелектрани ДОО Скопје е потпишан на 27 ноември 2009 година и согласно обврските од договорот рокот за изградба беше три години. Брбушница е изградена порано од предвидениот рок, што е добар пример за останатите концесионери, но и за идните компании кои се заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали во Македониј. Инсталинираниот капацитет на хидроцентралата е 554 киловати. Очекуваното годишно производство е 2.564 мегават часови.

Пуштена во употреба на првоизградената мала хидроелектрана во општина ВиницаМинистерот за економија Ваљон Сараќини во четврток присуствуваше на пуштањето во употреба на првоизградената мала хидроелектрана во Република Македонија по пат на концесија - Брбушница, во општина Виница.

Договорот за консеција за изградба на оваа мала хидроцентрала со концесионерот Мали хидроелектрани ДОО Скопје е потпишан на 27 ноември 2009 година и согласно обврските од договорот рокот за изградба беше три години.

„Брбушница е изградена порано од предвидениот рок, што е добар пример за останатите концесионери, но и за идните компании кои се заинтересирани за изградба на мали хидроцентрали во Македонија", истакна Ваљон Сараќини, министер за економија.

Инсталинираниот капацитет на хидроцентралата е 554 киловати. Очекуваното годишно производство е 2.564 мегават часови. Останатите четири мали хидроцентрали кои почнаа со работа се Кркљанска и Крива Река 2 во општина Крива Паланка, Кранска Река во општина Ресен и Слатино на концесионерот Фероинвест од Велес. Овие пет мали хидроцентрали имаат инсталиран капацитет од 2,5 мегавати и очекувано годишно производство од 11 илјади мегават часови.

Останатите три мали хидроелектрани Каменичка Река, Брајчинска Река и Селечка Река од овој концесионер се стекнаа со привремен статус на овластен производител и се очекува до крајот на годината и овие мали хидроцентрали да бидат изградени.

Министерот Сараќини истакна дека во досегашниот период потпишани се вкупно 68 договори за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроелектрични централи. Вкупниот инсталиран капацитет ќе изнесува 58 мегавати додека очекуваното годишно производство изнесува 228 гигават часови. Проценетата инвестиција е околу 120 милиони евра.

Со реализацијата на сите 400 хидроцентрали, согласно студијата на можни мини и мали хидроцентрали во Македонија, инсталираниот капацитет ќе се зголеми за 250 мегавати, додека годишното производство на електрична енергија за 1.200 гигават часови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik